Лидерот на табелата во Втората лига Запад, тимот на Скопје, продолжува таму каде што застана во есенскиот дел од првенството. Иако имаше одредени промени во тимот на Љупчо Марковски, денешната проверка со Кадино покажува дека доведени се квалитетни засилувања.
Искусниот Христијан Кировски кој се врати во Скопје по неколку години, а првиот дел од сезоната играше за Гостивар, постигна хет – трик за едно полувреме во триумфот од 6-1 против Кадино. Покрај него, за Скопје стрелаа и Иво Јанакиевски од пенал, Мустафа Јусуф и Арсим Љамалари.
Единствениот погодок за Кадино беше дело на Марио Благојевски. Пријателскиот натпревар се одигра во Марино.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Барди донесе триумф за Коњаспор (ВИДЕО)













