Connect with us

Сити стави крај на лошата серија, Евертон го победи Челси (ВИДЕО)

Манчестер Сити стави крај на серијата од четири натпревари без победа откако оствари триумф (1-2) на гости против Лутон. Но, шампионот се намачи и на овој меч, со оглед дека Лутон имаше водство на полувреме.

Адебајо во последните моменти од првиот дел погоди за предност на Лутон, а Манчестер Сити одговори со два гола во второто полувреме. Бернардо Силва израмни во 62.минута, а Џек Грилиш се погрижи за пресврт три минути подоцна.

Евертон го победи Челси со 2-0 и е сѐ подалеку од опасната зона. Докуре и Добин беа стрелци на головите за Евертон.

Фулам го декласира Вест Хем со 5-0.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови