Манчестер Сити нема намера да се раздели со голманот Едерсон, јавува „Скај Спортс“. Турскиот шампион Галатасарај покажа интерес за 31-годишниот бразилски чувар на мрежата.
Според информациите, турскиот клуб веќе постигнал договор со агентите на Едерсон околу личните услови, но Манчестер Сити сè уште не добил официјална понуда за неговиот трансфер.
Во минатата сезона, Едерсон одигра 26 натпревари во Премиер – лигата и прими исто толку голови. Тој претходно настапуваше за Бенфика, Рио Аве и Рибеирао.
Пред околу еден месец, Бразилецот ги негираше шпекулациите дека сака да го напушти англискиот шампион. Неговиот договор со клубот важи уште една сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија













