Првиот голман на Манчестер Сити, Бразилецот Едерсон, ќе паузира околу еден месец. Тој заработи повреда на дербито со Ливерпул, поради што беше заменет со Стефен Ортега.
За среќа на Пеп Гвардиола, Едерсон, ќе паузира во текот на репрезентативната пауза, но, сепак, ќе пропушти еден од клучните натпревари во сезоната против Арсенал.
Едерсон сигурно ќе го пропушти четвртфиналето од ФА Купот против Њукасл викендов, како и дербито против Арсенал на 31 март, но и пресметката со Астон Вила три дена подоцна.
Останува да се види дали Едерсон ќе биде подготвен за дуелот со Кристал Палас на 6 април, како и за првите четвртфинални натпревари од Лигата на шампионите на 9 и 10 април.
Дотогаш се очекува улогата на стартер да ја преземе Стефен Ортега.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













