
Синот на Карло Анчелоти, Давиде, е познато лице во светот на фудбалот, долги години е негова десна рака и прв асистент во големите европски клубови. Сепак, шпанските медиуми пишуваат дека Давиде наскоро би можел да го напушти Реал Мадрид и да се испроба на позицијата главен тренер. Тој треба да го преземе швајцарскиот клуб Базел.
Давиде еднаш се испроба како фудбалер, но не беше многу успешен. Тогаш сфатил дека е најдобро да се фокусира на својата тренерска кариера и дека не можел да добие подобра можност отколку да работи со својот татко и да учи од него.
Тој во 2012 година стана член на тимот на Анчелоти во ПСЖ, каде ја имаше улогата на кондициски тренер, а во стручниот тим на искусниот италијански стручњак е веќе 11 години.
Неколку години подоцна, Давиде стана десна рака на неговиот татко и негов прв асистент, позиција што моментално ја има во Реал Мадрид. Сепак, сè почести се приказните дека тој би можел да ја започне својата независна авантура и да се обиде да биде главен тренер.
33-годишниот фудбалер на почетокот на годината беше поврзуван со Евертон, но потоа ја одби поканата од „Гудисон парк“. Карло тогаш изјави дека тоа не е вистинската можност за неговиот син и дека ја чекаат вистинската понуда за тој да ја започне својата самостојна кариера.
Понудата на Базел е одлична можност за почеток на самостојната кариера на Давиде Анчелоти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг „украде“ бод од Кратово, а Шкендија, Струга ТЛ и Работнички...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Горазд Михаилов (Беса)
Беса го направи најголемото изненадување во 23.коло од Првата фудбалска лига. Не е лесно...
Автор makfudbal