Македонскиот прволигаш Македонија ЃП го именуваше Горан Симов за нов шеф на стручниот штаб. Тој доаѓа на местото на Муарем Бајрами, а се враќа во клубот каде порано со успех настапуваше и беше дел од тимот кој го освои Купот во 2006 година.
„Доаѓам во добро позната средина, мојот прв клуб во Македонија. Како голман бев член на генерацијата што донесе прв куп пехар во Ѓорче, и тука сум бидејќи верувам во овие играчи и сум убеден дека и како тренер ќе го освојам куп пехарот“, изјави Горан Симов по преземањето на функцијата.
Горан Симов во кариерата беше тренер на Силекс и на Вардар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026













