
Силекс ќе игра бараж за опстанок во Првата лига, ама секако ќе даде се од себе да го освои големиот пехар во Купот на Македонија. Утре (19 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ ќе водат голема битка со Академија Пандев.
„Максимално сме мотивирани, по цели 24 години сакаме пехарот да го однесеме повторно во Кратово. Потоа ќе мислиме на баражот, секако, и тоа е многу важно, да останеме во Првата лига. Сите се подготвени и максимално фокусирани“, најавува тренерот на Силекс, Горан Симов.
Капитенот Ангелчо Тимовски би сакал финалето да биде решено пред изведување пенали.
„Финалето е посебна инспирација, мислам дека шансите се подеднакви. И лично, посакувам финалната пресметка да се реши пред евентуално изведување пенали“, истакна Тимовски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
