
Интер загуби од Ливерпул со 0-2 на „Џузепе Меаца“ во првиот осминафинален натпревар во Лигата на Шампионите. Иако „нероаѕурите“ одиграа квалитетен меч, сепак, потклекнаа во финишот кога Фирмино и Салах го совладаа Хандановиќ.
Претходно, Интер создаде неколку одлични шанси, но фудбалерите на Симоне Инзаги не беа ефикасни, а Чалханоглу ја погоди гредата.
По завршувањето на натпреварот, тренерот на Интер, Филипо Инзаги, истакна дека е разочаран од резултатот, но истовремено и горд на својот тим.
„Не заслуживме пораз, но тоа е фудбалот. Горд сум на овие момци. Одиграа одличен натпревар посебно во првите 25. минути од второто полувреме кога заслуживме да постигнеме гол. Фудбалот го одлучуваат мали детали и ударот на Фирмино со глава донесе разлика. Но, овој натпревар треба да ни даде многу самодоверба“, изјави Инзаги.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
