
Диего Симеоне е уверен дека Атлетико Мадрид може да направи целосен пресврт против Реал Мадрид и да ги елиминира градските ривали во осминафиналето од Лигата на шампионите. Неговиот тим загуби со 1-2 во првиот натпревар на „Сантијаго Бернабеу“.
„Верувам во моите фудбалери, верувам во овој тим. Знам колку се посветени момците и немам сомнеж дека ќе дадат сè од себе за да продолжат понатаму во Лигата на шампионите. Нашата цел е да играме финале“, изјави Симеоне.
Тој посочи дека во фудбалот постојат многу можни сценарија и дека е најважно играчите да влезат во мечот со чиста сoвест.
„Понекогаш минуваш низ тешки моменти, но во овој натпревар важно е само како ќе пристапиш. Само играчите можат да го решат исходот. Навивачите ќе ни помогнат, но пресудно е тоа што ќе се случува на теренот. Не можеме да победиме само благодарение на поддршката од трибините“, продолжи аргентинскиот стратег.
Симеоне исто така изрази почит кон Карло Анчелоти, истакнувајќи дека италијанскиот тренер е далеку подобар од него.
„Минав многу години во Италија. Го познавам добро фудбалот во таа земја и за мене е јасно дека Анчелоти е далеку подобар тренер од мене“, заврши Симеоне.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Прва лига
Арсими ќе се обиде да го скроти Вардар

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
