Брегалница в недела во Штип го пречекува Вардар и се надева дека ќе успее да освои три бода. Штипјани во досегашниот тек од шампионатот освоија девет бода, а искусниот Горан Силјановски смета дека сите во клубот мора да бидат самокритични за досегашните настапи.
„Иако играме добро, создаваме шанси, загубивме доста бодови на последните меча и тоа поради индивидуални грешки и некои ситници кои на крај беа решавачки на тие натпревари. Јасно е дека сите ние во Брегалница мораме да бидеме самокритични, да работиме на себе ако сакаме да напредуваме и грешките да ги сведеме на минимум. Се надевам дека о недела, на мечот со Вардар, секој што ќе добие шанса да настапи, ќе го даде својот максимум. И дека ќе се вратиме на победите, како за нас така и за нашите фанови кои секогаш ни ја даваат својата поддршка“, изјави Силјановски.
Вардар се наоѓа на последното место на прволигашката табела.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













