Силекс ја изненади Шкендија и со десетмина фудбалери успеа да извлече бод во Тетово играјќи 1-1 . Тоа го искористи Шкупи да се доближи на врвот на табелата, откако Умит Каран по враќањето на клупата го предводеше тимот од Чаир до триумф од 3-0 против Борец.
Бесарт Ибраими во 25.минута ја донесе Шкендија во водство, но Стефан Ѓуриќ израмни пред крајот на полувремето. Од 58.минута, поради исклучувањето на Кристијан Костовски, Силекс играше со играч помалку, но издржа да освои бод во Тетово.
Шкупи со 3-0 го совлада Борец. Дембо Дарбо го реши мечот со два гола, во 53. и во 70.минута, а Илирид Адеми го постигна третиот во 83.минута.
Македонија ЃП го совлада составот на Струга Трим Лум со 2-0. Емини од пенал во 62.минута го отвори резултатот, а Абдул Калид во 80.минута го потврди триумфот на „лавовите“.
Работнички и Академија Пандев ремизираа без голови. Голманите беа одлични, напаѓачите неефикасни, а Горан Силјановски поради два жолти картони мораше да го заврши мечот во 87.минута.
Ренова во 95.минута извлече бод од Струмица играјќи 1-1. Тоа е прв бод за Беласица во шампионатот. Милушев ја доведе Беласица во водство, но потоа доби и црвен картон, а Ален Јашароски од пенал во судиското продолжение го израмни резултатот.
Утре се игра дербито меѓу Пелистер и Вардар во Битола.
ПРВА ЛИГА, 8.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС 1-1
МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 2-0
РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 0-0
БЕЛАСИЦА – РЕНОВА 1-1
ШКУПИ – БОРЕЦ 3-0
УТРЕ: ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР
Табела: Шкендија 18, Шкупи 16, Македонија ЃП 16, Борец 12, Силекс 11, Работнички 11, Струга ТЛ 11, Вардар 10 (-1), Пелистер 9 (-1), Академија Пандев 7, Ренова 6, Беласица 1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Калјари ја победи Аталанта во Бергамо
Втора лига
Втора лига: Македонија ЃП подобра од Камјани
Евро-фудбал
Барса му нуди нов договор на Рафиња
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)













