Арсенал сериозно го засилува интересот за крилниот фудбалер на Челси, Нони Мадуеке, откако менаџерот на „сините“, Енцо Мареска, испрати јасна порака дека играчите кои не се среќни во клубот – можат слободно да си заминат.
Мадуеке веќе дал зелено светло за преселба на „Емирати“, а личните услови со Арсенал се речиси усогласени. Сепак, договор меѓу двата клуба сè уште не е постигнат.
„Нони беше важен дел од тимот минатата сезона. Но, јасно им кажав на сите – сакам играчи кои се среќни да играат за Челси. Оние кои не се, се слободни да заминат. Тоа не важи само за него, туку за сите во тимот“, изјави Мареска.
Арсенал ова лето активно работи на засилувања во офанзивниот дел. Покрај Мадуеке, на радарот на „топчиите“ се и имиња како Еберечи Езе од Кристал Палас и Родриго од Реал Мадрид.
Покрај тоа, клубот бара и класичен напаѓач. Иако Бењамин Шешко беше една од клучните цели, финансиските услови на РБ Лајпциг се покажаа како пречка. Во моментов, трансферот на Виктор Ѓокереш од Спортинг Лисабон изгледа реална и поблиска опција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија













