Реал Мадрид ја победи Борусија Дортмунд со 3-2 и се пласира во полуфиналето на Светското клупско првенство каде ќе се сретне со европскиот првак ПСЖ. И на овој меч блескаше младиот напаѓач Гонзало Гарсија, кој го отвори резултатот во десеттата минута. Со тоа стигна до четири гола и една асистенција во пет натпревари на клупскиот мундијал.
Во 20.минута Фран Гарсија зголеми на 2-0 во корист на Реал.
Овој резултат остана сѐ до финишот, кога во судиското продолжение беа постигнати дури три гола.
Максимилијан Бајер намали на 2-1 во 93.минута, а само една минута подоцна Килијан Мбапе постигна трет погодок за Реал.
Дин Хујсен направи прекршок за пенал и беше исклучен, а Серху Гираси во 99.минута реализираше од белата точка за конечни 3-2.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













