
Силекс има многу чудна сезона зад себе, беше дел од квалификациите за Лигата на шампионите, не помина добро на европска сцена, но, сепак, една година подоцна повторно успеа да избори настап на меѓународна сцена освојувајќи го трофејот во Купот на Македонија. Но, цело е кога има се, затоа што Силекс денеска (16 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ игра бараж натпреар против Тиквеш за опстанок во Првата фудбалска лига.
„Пехарот нема да значи ништо, ниту настапот во Европа, ако не успееме да обезбедиме опстанок во Првата лига. Максимално сме фокусирани, иако и сериозно истрошени, но мора да го одиграме овој натпревар на највисоко ниво“, изјави тренерот Горан Симов.
Бараж натпреварот меѓу Силекс и Тиквеш ќе го суди Марјан Ецкоски, а доколку нема победник по 90 минути веднаш ќе се изведуваат пенали.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
