
Силекс е освојувач на Купот на Македонија. По драматично изведување на пенали, тимот на Силекс го совлада составот на Академија Пандев со 4-3, откако по 120 минути немаше гол, а ниту сериозна шанса, во финалната пресметка на Националната арена „Тодор Проески“. „Пандевци“ не ги реализираа двата последни пенали, па пехарот од Купот на Македонија по цели 24 години се враќа во Кратово, а Силекс повторно ќе игра во Европа. Но, претходно, во вторник, тимот на Горан Симов ќе мора и да опстане во Првата лига, затоа што го очекува бараж против Тиквеш.

За разлика од неинвентивните два часа игра, беше драматично при изведувањето на ударите од белата точка. Во четвртата серија, Марко Јовановски го одбрани ударот на Пепи Ѓорѓиев, но и Даниел Божиновски успеа да го „улови“ шутот на Бојан Димоски. Драмата продолжи…
Силекс реализираше, а Кристијан Велиновски ја испрати топката над голот. Ја погоди гредата, а потоа топката заврши зад голот на Божиновски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Дембеле поради повреда нема да игра два месеци?

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Евро-фудбал
Рома и Дибала се блиску до нов договор

Евро-фудбал
Баерн Минхен влегува во трката за Марк Гехи

Пелистер
Пелистер го доведе Петар Петковски

Млади репрезентации
Македонија У21 убедливо поразена во Полска

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го продава Андре Онана

Млади репрезентации
Избраниците на Горан Станиќ од Краков го почнуваат патот за ЕП 2027
