Силекс и Гостивар ремизираа без голови во Кратово, во првиот натпревар од 26.коло во Првата фудбалска лига. Двете екипи покажаа желба за триумф, меѓутоа сепак немаше расположен стрелец кој ќе успее да ја затресе мрежата.
Силекс во вториот дел имаше неколку сериозни обиди. Маронг се закани во 60.минута, потоа и Анонио Каланоски во 87.минута шутираше откосо од десната страна, но без ефект.
Во 89.минута, Билали го фаулираше Марко Ѓорѓиевски на работ на шеснаесетникот, доби црвен картон од судијата Марјан Младеновски, а Милосављевиќ не успеа да погоди од слободниот удар од изгледна позиција.
На крајот, веројатно и најреално беше Силекс и Гостивар да поделат по еден бод од овој дуел.
Останатите натпревари од 26.коло се играат утре, со почеток во 15 часот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski