Connect with us

Силекс го надигра Пелистер, Додев двоен стрелец

Силекс го совлада Пелистер со 3-1 и се искачи на третата позиција на табелата во Првата лига со 21 бод, два помалку од лидерот Струга ТЛ. Тимот на Александар Васоски покажа повеќе на тешкиот терен за игра во Кратово и заслужено ги освои трите бода.

Дарко Додев беше играч на мечот со два постигнати гола. Крилниот напаѓач го отвори резултатот во 19.минута, а потоа зголеми и на 2-0 во 54.минута од дуелот.

Стефан Спировски со погодокот во 62.минута даде мала надеж за Пелистер, но дилемите ги расчисти Говедарица кој во 87.минута ги постави конечните 3-1.

Пелистер по овој пораз останува на десеттата позиција со седум освоени бода.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови