
Шпанскиот фудбал го тресат скандали во пресрет на ЕВРО 2024, пишува „АС“. Финансиските малверзации во федерацијата се под лупа на ФИФА и УЕФА кои го осудија и мешањето на политиката во спортот.
Шпанската фудбалска федерација беше под посебна лупа поради истрагата за корупција, како и смената на претседателот Луис Рубијалес, кој ја бакна во уста шпанската репрезентативка за време на церемонијата на Светското првенство за жени. Ова ја принуди шпанската влада да формира комитет кој ќе ја надгледува работата на Фудбалската федерација.
ФИФА и УЕФА побараа објаснување за ситуацијата, а петок е крајниот рок за одговор на споменатиот комитет. Имено, ФИФА и УЕФА прашаа врз која правна основа е именувана комисијата, каков е составот на тоа тело, колку е мандатот, кои се неговите овластувања и каков е односот со извршните органи на федерацијата. Нион и Цирих предупредуваат дека ова може скапо да ги чини Шпанците.
Доколку ФИФА и УЕФА не бидат задоволни од одговорите, шпанската репрезентација би можела да биде исфрлена од претстојното Европско првенство, а шпанските клубови од натпреварувањата на УЕФА. Со тоа, Шпанија би се откажала и од трката за освојување на Светското првенство во 2030 година во соработка со Португалија, Мароко и три други јужноамерикански земји.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
