
Трите македонски претставници во квалификациите за новоформираната Конференциска лига на УЕФА ќе заработат по 150.000 евра за учество првото коло од ова натпреварување. Ако се направи мала споредба со учествата во квалификациите за Лигата на Европа, првото коло е во „минус“ од некои 40.000 евра, односно носи помалку финансиски средства за учесниците. Но, затоа, мотивот за да се мине првото коло е многу поголем.

УЕФА направи нов систем, многу помотивирачки за клубовите кои ќе успеат да го минат првото коло. Веќе втората рунда во квалификациите за Конференциската лига носи нови 350.000 евра. Тоа значи и заработка од половина милион евра, што за најголем дел од македонските клубови значи и осигурен буџет за целата сезона.

Пласман во третото квалификациско коло од Конференциска лига носи заработка од нови 550.000 евра, а доколку некој од македонските претставници мине три рунди и стигне до плејофот за пласман во групната фаза од Конференциска лига – ќе биде награден со нови 750.000 евра.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
