Шкупи има шампионски амбиции оваа сезона, има три победи во низа и посакува серијата да продолжи и на денешниот градски дуел против Работнички (13.30 часот) на арената „Тодор Проески“. Чаирчани најавуваат офанзивен пристап, а мотивирани се како да играат финале, вели Омар Гоудијаби.
“За нас секој натпревар е многу важен. Ние ќе го играме секој меч како да е финале за нас. Добро сме подготвени за ова тешко гостување кај Работнички. Оваа дополнителна пауза од една недела веројатно добро ни дојде да се подготвиме уште подобро. Секако дека го почитуваме противникот, но ќе дадеме се од себе да дојдеме до трите бода. Не се сомневајте дека Шкупи и како гостин кај Работнички ќе оди на позитивен резултат“, вели интернационалецот од Сенегал.
Но, и Работнички има свои планови. По добрата игра против Шкендија и ремито во Тетово, тренерот Ратко Достаниќ побара од фудбалерите ист однос и на денешната пресметка со Шкупи.
„Имавме малку повеќе време за да се подготвиме и сакаме да продолжиме од моментот на добрата игра против Шкендија во Тетово. Би сакал тимот да го краси истата одважност и самодоверба што ја покажа против Шкендија и на претстојниот меч против Шкупи. Ги знаеме квалитетите на следниот ривал, посебно на неколку индивидуалци кои можат да решат натпревар со сопствен квалитет, но Работнички продолжува со својот начин на игра, тимски, борбено и самоуверено на секој натпревар. Не очекува тежок натпревар, но верувам дека момците ќе се претстават во добро издание и дека ќе оствариме позитивен резултат“, истакнува Достаниќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ гостува кај омилената жртва
Евро-фудбал
Модриќ: Милан мора да победува ривали како Пиза













