
Актуелниот првак Шкупи има шанса да го преземе врвот доколку ја победи Академија Пандев на денешниот дуел (14 часот) од 21.коло. Тимот на Гоце Седлоски е фаворит, но Академија Пандев покажа дека пролетва има квалитетен тим.
Шкупи во минатото коло доживеа непријатен пораз на гостувањето во Кратово.
Лидерот Струга ТЛ во ова коло е слободна, а потоа ќе го пречека Шкупи.
Вториот денешен натпревар, меѓу Работнички и Скопје, ќе се одигра на стадионот во Велес. Како што истакнаа „романтичарите“, тоа е поради недостапност и репарирање на терените во главниот град.
Работнички минатото коло загуби од Брегалница (0-1) на домашен терен, па сега ќе се обиде да се рехабилитира на денешниот дуел. За ФК Скопје секој меч е квалификациски, со оглед дека се наоѓа на незавидна позиција на табелата и грчевито се бори за опстанок во елитата.
Останатите натпревари се играат утре, а се среќаваат: Брегалница – Шкендија, Победа – Силекс, Македонија ЃП – Тиквеш.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија
