
Шкупи и Македонија Ѓорче Петров ја следат Шкендија во победнички ритам. Тимот од Чаир ја освои Битола со хет – трикот на Дембо Дарбо (1-3) и повторно е на само два бода негатива од лидерот. Македонија ЃП исто така славеше со 1-3 на гости кај Беласица и држи ритам на третото место.
Вардар и Работнички ремизираа без голови на градското дерби на арената „Тодор Проески“. Стефан Јефтовски, Петар Петковски и Драган Стојков имаа можности за „романтичарите“, Мартин Мирчевски и Филип Петковски за „црвено-црните“, но мрежите на Филип Илиќ и на Ристе Јанков останаа да мируваат.
Во Битола, Борче Маневски го доведе Пелистер во водство во 18.минута, но Пелистер не успеа долго да го сочува. Дембо Дарбо израмни три минути подоцна, а во 28.минута и се погрижи за пресврт. Третиот погодок комплетирајќи хет – трик го постигна во 55.минута.
Боби Божиновски донесе предност во 37.минута за „лавовите“, но Беласица израмни преку Алекандар Коцев четири минути подоцна. Сепак, Македонија ЃП обезбеди триумф со головите на Ермедин Адем во 53.минута и на Филип Петров во 73.минута.
Струга Трим Лум и Академија Пандев ремизираа 1-1 крај езерото. Александар Ристевски од пенал во 57.минута обезбеди почетна предност за стружани, а израмни Ѓорѓи Стоилов во 71.минута.
Ренова и Силекс во Тетово одиграа без голови.
Standings provided by SofaScore LiveScore

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам – Џуд Белингем ќе го освојува светскиот фудбал
Борусија Дортмунд би можела да ја искористи слабата фаза на Баерн Минхен и да...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Не е до менталитетот, до квалитетот е!
Македонија имаше водство од 2-0 против Украина и, според зборовите на Барди, играше како...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Зекирија Рамадани нов тренер на косовскиот прволигаш Дрита

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Ѓорѓи Мојсов

Интернационалци
Тешка повреда за Кристијан Велиновски во Азербејџан

Евро-фудбал
Шевченко ќе го замени Пиоли на клупата на Милан?
