Новиот тренер на Аталанта, Иван Јуриќ, е хоспитализиран поради респираторни проблеми предизвикани од инфекција на грлото.
Поради овие здравствени компликации, хрватскиот стратег го пропушти почетокот на подготовките за новата сезона. Од клубот соопштија дека неговата состојба се подобрува и се очекува наскоро да биде отпуштен од болница.
Јуриќ има богата тренерска кариера во Италија, каде што водеше неколку екипи, вклучувајќи ги Мантова, Кротоне, Џенова, Торино, Верона и Рома. Неговиот последен ангажман беше во англискиот Саутемптон, каде што го презеде тимот во текот на сезоната, но не успеа да го задржи во Премиер – лигата.
Ова лето пристигна во Аталанта со цел да ја продолжи успешната низа на клубот од Бергамо, кој пред две сезони ја освои Лигата на Европа под водство на Џанпјеро Гасперини.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













