Connect with us

Шкупи го продаде Дијак во Тузласпор во Турција

Македонскиот вицепрвак Шкупи го продаде Ламине Дијак во турскиот второлигаш Тузласпор. Клубот од Чаир објави дека е постигнат договор за трансферот на фудбалерот за врска.

„Постигнат е договор меѓу Шкупи и турскиот клуб Тузласпор за трансферот на фудбалерот Ламине Дијак во Истанбул. Ламине Дијак беше дел од нашиот тим во изминатите две години и му благодариме за убавите моменти што ги имавме заедно, а му посакуваме и се најдобро во понатамошната кариера“, објави Шкупи.

Минатата сезона Ламине Дијак беше еден од најдобрите фудбалери на Шкупи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови