 
																												
														
														
													Македонскиот вицепрвак Шкупи тргна офанзивно на трансфер – пазарот во Македонија. По ангажманот на Фисник Зука од Работнички, кој се врати во тимот од Чаир, раководството на Шкупи успеа да договори уште еден трансфер. Блертон Шеји, младинскиот репрезентативец од Струга Трим Лум треба да биде новото засилување за составот на Гоце Седлоски.
Шкупи ќе плати 70.000 евра отштета за Шеји и ќе го доведе на стартот на летниот преоден рок. Со него Седлоски ќе има опција повеќе и за квалитетно решение на правилото за настап на фудбалери до 21 година во стартниот состав.
Очигледно дека Шкупи сериозно се подготвува за новата сезона и за настапот во Конференциската лига на УЕФА. Клубот е во завршни преговори и со Томе Китановски.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
 
																					Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
 
																					Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														