
Шкендија го совлада тимот на Академија Пандев со 1-0 и забрзано чекори кон шампионската титула. Во прилог на ова оди и поразот на Шкупи (0-1) од последнопласираниот тим на Беласица.
Бесарт Ибраими во 53.минута го пронајде патот до мрежата на Академија Пандев и тоа беше доволно за нови три бода.

Беласица со голот на Бенјамин Демир во 11.минута успеа да слави на гости кај Шкупи.

Македонија ЃП се зацврсти на третата позиција со триумфот (2-1) над Борец. Самир Фазли беше двоен стрелец за ѓорчепетровци во 45. и во 66.минута, а Александар Мишов намали во 84.минута од дуелот.
Струга Трим Лум и Работнички ремизираа 1-1 крај езерото. Филип Миленковски во 33.минута ги доведе стружани во водство откако реагираше добро во петерецот по нафрлувањето на Алтипармаковски. Израмни Марио Станковски во 58.минута со удар со глава од десетина метри.
Супер – пресврт во Битола за триумф на Пелистер. Силекс имаше водство од 0-2, но на крајот Пелистер ги освои трите бода. Пепи Ѓоргиев во третата минута донесе водство, а истиот фудбалер во 19.минута зголеми на 0-2.
Сепак, пет минути подоцна Драгарски намали, а Илијовски во 30.минута израмни на 2-2. Во вториот дел, Нето во 71.минута се погрижи за комплетен пресврт.

Вардар и Ренова ремизираа 1-1 на Националната арена „Тодор Проески“. Ален Јашароски во 15.минута го отвори резултатот во корист на „гипсарите“, а израмни Мартин Мирчевски во 40.минута од мечот.
ПРВА ЛИГА, 27.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ШКЕНДИЈА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-0
ШКУПИ – БЕЛАСИЦА 0-1
ВАРДАР – РЕНОВА 1-1
ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС 3-2
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – РАБОТНИЧКИ 1-1
МАКЕДОНИЈА ЃП – БОРЕЦ 2-1

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Доријан Бабунски потпиша за унгарскиот тим Ниреѓихаза

Евро-фудбал
Самуеле Ричи е првото големо засилување за Милан

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар
