
Шкендија го совлада Силекс со 2-1 и ја зголеми предноста на врвот на табелата. Шкупи неочекуано загуби дома од Ренова со 1-2 што „гипсарите“ ги извлече од опасната зона. Таму падна Вардар, заедно со Силекс, откако го загуби вечното дерби во Битола со 2-0.
Работнички со 2-1 го совлада Борец со три гола во финишот, а Струга Трим Лум беше подобра од Беласица со 3-1.
Шкендија со многу мака го совлада Силекс. Валмир Нафиу донесе водство во 63.минута, но Пепи Ѓоргиев израмни во 76.минута. Сепак, Бесарт Ибраими со голот во 86.минута погоди за 2-1 и триумф на Шкендија.

Ренова изненади против Шкупи и славеше со 1-2. Ален Јашароски во осмата минута и Ненад Мишковски во 68.минута беа стрелци за „гипсарите“. Илирид Адеми во финишот намали на 1-2.
Пелистер го совлада Вардар со 2-0. Искусниот Борче Маневски беше двоен стрелец за битолскиот тим. Во 17.минута го отвори резултатот, а во финишот од пенал го постави конечниот епилог.

Фахрудин Ѓурѓевиќ е херојот на Работнички на дуелот со Борец. „Романтичарите“ славеа со 2-1, а Борец поведе во 82.минута со голот на Адили. Но, веќе во следниот напад Ѓурѓевиќ израмни со удар откосо од десната страна, а во 91.минута го донесе и триумфот.
Струга Трим Лум го разби малерот и ја совлада Беласица со 3-1. Александар Ристевски донесе водство во 18.минута, Клисман Цаке со петица даде неверојатен гол за 2-0, а на почетокот на вториот дел Каланоски си постигна автогол. Кон крајот и Цаке со автогол забележа погодок за Беласица.
Вчера, Академија Пандев славеше со 1-2 на гости против Македонија Ѓорче Петров.
ПРВА ЛИГА, 25.КОЛО
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС 2-1
ШКУПИ – РЕНОВА 1-2
ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР 2-0
РАБОТНИЧКИ – БОРЕЦ 2-1
СТРУГА ТЛ – БЕЛАСИЦА 3-1
МАКЕДОНИЈА ЃП – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-2

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Луј ван Гал го победи ракот

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по Еберечи Езе

Евро-фудбал
Милан ги мерка Николас Џексон и Жан-Филип Матета

Евро-фудбал
Фиорентина подготвува нов договор за Моисе Кин

Евро-фудбал
Јуве ќе бара нова позајмица за Коло Муани

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
