
Шкендија е шампион, ама и се „лизна“ во Гостивар, па Струга Трим Лум лесно славеше со 0-2. Марјан Алтипармаковски во третата минута погоди од пенал, а Немања Босанчиќ зголеми на 0-2 во деветтата минута и мечот практично беше решен. Јасно беше видливо дека Шкендија и не е премногу заинтересирана да израмни.

Шкупи и Македонија ЃП ремизираа без голови. Тимот од Чаир и со вториот претендент за европска сцена одигра 0-0.
Работнички убедливо го совлада Вардар со 0-3 на градското дерби на Националната арена „Тодор Проески“. Горан Силјановски во 12.минута донесе водство за „романтичарите“ во 12.минута, а Фахрудин Ѓурѓевиќ зголеми на 0-2 во 26.минута по проигрувањето на Лука Станковски. Во 57.минута, Стефан Јевтоски зголеми на 0-3, а Анатолиј Петејчук во 83.минута постигна почесен гол за вардарци.

Ренова очекувано ја совлада Беласица со 3-1. Ален Јашароски постигна хет – трик. Погоди за „гипсарите“ во деветтата и во 45.минута, а Давид Калпачки намали во 52.минута. Ален Јашароски во 82.минута стрелаше од пенал за потврда на триумфот.
Пелистер со 3-1 го совлада тимот на Академија Пандев. Кире Маркоски во 24.минута ги доведе гостите во водство. Израмни Борче Маневски во 41.минута, а во вториот дел Ристе Илијовски се погржи за пресврт во 47.минута. Омар Гудијаби во 73.минута зголеми на 3-1. Стрелецот Ристе Илијовски во 75.минута беше исклучен поради два жолти картони.
Силекс и Борец ремизираа 1-1. Пепи Ѓоргиев во 30.минута донесе предност за Силекс, а израмни Александар Мишов од пенал во 80.минута од мечот.
ПРВА ЛИГА, 31.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 0-2
ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 1-3
ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-0
РЕНОВА – БЕЛАСИЦА 3-1
ПЕЛИСТЕР – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 3-1
СИЛЕКС – БОРЕЦ 1-1

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
