Шкендија храбро се бореше на гостувањето во Разград и успеа да го однесе реваншот во продолженија, но таму силата и искуството на Лудогорец пресудија. Македонскиот шампион беше елиминиран од плеј-офот на Лига Европа со конечни 4-1 по продолженија (5-3 вкупно), па есента ќе ја мине во групната фаза на Конференциската лига.
Лудогорец уште од стартот го наметна темпото и постојано притискаше кон голот на Гаје. Бугарскиот првак поведе во деветтата минута преку Куртулус, кој најдобро се снајде по одбиена топка. До вториот гол домаќините стигнаа во 24. минута, кога Ивајло Чочев остана заборавен во срцето на шеснаесетникот и ја удвои предноста на Лудогорец (2-0).
Вториот дел донесе многу поизрамнета игра, а Шкендија успеа да се врати со погодок. Во 64. минута капитенот Бесарт Ибраими пронајде празнина во одбраната, ги проигра Тамба, кој со ладнокрвна завршница намали на 2-1 и ја врати неизвесноста.
До крајот на регуларните 90 минути имаше уште неколку возбудувања – Гаје со неверојатна интервенција ја спаси Шкендија од нов гол во 87. минута, додека Тамба во 88. можеше да запише уште еден, историски погодок, но неговиот лоб заврши крај голот.
Во продолженијата силите на Шкендија почнаа да попуштаат. Веќе во 98. минута, Текпетеј со силен удар од далечина ја погоди мрежата за 3-1. Тој гол практично ја реши дилемата за патникот во Лига Европа.
И покрај обидите на тренерот Беќири со свежи играчи, Лудогорец го искористи просторот во завршницата и преку Биле ја запечати победата за конечни 4-1.
Иако сонуваа за историски пласман во групите на Лига Европа, тетовските „црвено-црните“ ќе продолжат во Конференциската лига. Ова е значаен успех за македонскиот фудбал, бидејќи Шкендија ќе биде вториот клуб по Вардар (2017) кој ќе игра групна фаза на едно европско натпреварување.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













