Connect with us

Шкендија сака три бода од Струмица за „рехабилитација“ од поразот во дербито

Првакот Шкендија го очекува гостување во Струмица кај тимот на АП Брера. Уште еден тежок предизвик го чека тетовскиот тим, но овој меч ќе биде добра можност за тимот да се рехабилитира од поразот во дербито со Вардар, што беше прв во сезонава за избраниците на Јетон Беќири.

Сите во таборот на тимот од Тетово очекуваат сега вистинска реакција – победа од Струмица. Еден од играчите на Шкендија, Фабрис Тамба вели дека лекцијата е научена, и дека најдобро за екипата ќе биде сега да издвојува победа.

„Атмосферата е добра, и покај тоа што го загубивме дербито. Тоа е фудбалот, понекогаш се радуваш, понекогаш си тажен, но мораме да го заборавиме сето тоа, и да се фокусираме кон следниот натпревар. Одиме со 100% да го добиеме тој натпревар. Понекогаш и кога губиш, можеш многу да научиш. Дури и кога победуваш, може да се случат грешки, и од тие грешки треба да се научи за следниот меч да настапиш подобро. Но, не сакаме да останеме во минатото. Секако дека грешките треба да ни бидат како поука. Се надевам дека ќе покажеме поинакво лице на следниот меч. Сите го знаат нашиот квалитет и за што сме способни. Продолжуваме да работиме уште понапорно. Секогаш од нас се очекува победа, но не е лесно. Ова е фудбал, и работите нечесто одат според вашите очекувања и желби. Но сметам дека ќе биде се во ред. Во моментов само потребна ни е победа против Брера.“, рече Тамба.

Натпреварот меѓу АП Брера и Шкендија се игра денеска, со почеток од 13:30 часот на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови