
Актуелниот првак Шкендија нема победа во првенството ниту по три кола. Четврти обид тимот на Бруно Акраповиќ ќе има денеска (16 часот) во Тетово каде ќе гостува Македонија ЃП. Сепак, „лавовите“ на Александар Таневски нема така лесно да се предадат, особено што знаат дека оваа Шкендија и тоа како е ранлива.
„Очекуваме победа и три бода. Против Брегалница игравме добро, но ја немавме среќата на наша страна. Се надевам дека сега нема да ги повториме грешките во одбраната и дека ќе ги реализираме создадените шанси“, вели Бруно Дита.
Шкупи ќе гостува во Струга, тоа е исто така интересен дуел од четвртото коло. Работнички на домашен терен го пречекува Тиквеш, а Скопје е домаќин на Пелистер. Во Велес, Борец ќе ги одмери силите со Брегалница.
Во вечерен термин (20 часот) во Струмица, Академија Пандев и Ренова, кои одлично ја почнаа сезоната, ќе имаат меѓусебна пресметка.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, ЧЕТВРТО КОЛО (16 ЧАСОТ)
ТЕТОВО: ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП
СТРУГА: СТРУГА ТЛ – ШКУПИ
СКОПЈЕ: РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ
АВТОКОМАНДА: СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР
ВЕЛЕС: БОРЕЦ – БРЕГАЛНИЦА
СТРУМИЦА: АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – РЕНОВА (20 ЧАСОТ)

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами
