Шкендија пред репрезентативната пауза сака да се зацврсти на врвот со триумф над Силекс кој влезе во негативна серија на резултати. Тетовци се надеваат на нови три бода, тимот на Ернест Ѓока делув мотивирано, а во Тетово ретко кој успеал да остане непоразен. Но, и Силекс планира конечно да стави крај на лошите резултати. Овој меч го носи епитетот дерби на денот во осмото коло во Првата фудбалска лига. Утре, во Битола е „вечното“ дерби меѓу Пелистер и Вардар.
Работнички ќе го пречека тимот на Академија Пандев во Маџари и се надева на трета победа оваа сезона. Тренерот на „романтичарите“, Ратко Достаниќ, има проблеми со неколку повредени фудбалери, а Југослав Тренчовски сака и втор позитивен резултат во низа откако повторно седна на клупата на Академија Пандев.
На Чаир, Шкупи со старо-новиот тренер Умит Каран ќе го пречека Борец и сака да се врати во победнички ритам. Но, велешани се досега можеби и најпријатното изненадување во лигата.
Во Ѓорче Петров, Македонија ЃП ќе биде домаќин на Струга Трим Лум. Ќе биде тоа интересен дуел на два тима кои имаат амбиции за горниот дел од табелата. Беласица ја пречекува Ренова, два тима кои многу лошо го започнаа новото првенство.
Утре ќе се одигра „вечното“ дерби меѓу Пелистер и Вардар.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 8. КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч.)
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС
РАБОТНИЧКИ – А.ПАНДЕВ
МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТЛ
ШКУПИ – БОРЕЦ
БЕЛАСИЦА – РЕНОВА
ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР (УТРЕ, 15 Ч.)
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона
Евро-фудбал
Јувентус тргна по потписот на Франк Кеси
Евро-фудбал
ПСЖ го претстави Лукас Дињ како нова аквизиција













