
Шампионот Шкендија конечно стигна до првиот триумф во новата сезона од Првата лига. И тоа убедлив, откако во Тетово ја совлада Македонија ЃП со 1-0. Бесарт Ибраими во шестата минута го отвори резултатот по една убава акција на домаќинот, а потоа дури три гола во самиот финиш. Љупче Дориев со два гола ги разреши дилемите околу победникот, а Дашмир Елези ги постави конечниот резултат 4-0.

Струга Трим Лум го совлада Шкупи со 4-2 и му го нанесе првиот пораз. Немања Босанчиќ блескаше на овој меч. Во шестата минута донесе водство, а потоа стигна и до хет – трик со головите во 31.минута и во 45.минута од пенал. Шкупи преку Фатих Исмаили во 23.минута израмни, но кон крајот на првиот дел токму капитенот доби црвен картон и Шкупи мораше да продолжи со десетмина.
Бојку од пенал во 55.минута зголеми на 4-1, а потоа и Шкупи се реваншираше повторно од пенал, преку Трапановски во 64.минута.
Скопје стигна до првата победа откако во Автокоманда го совлада Пелистер со 1-0. Стрелец на победничкиот гол беше Ален Јашароски во 20.минута од дуелот.

Работнички со 2-1 го победи Тиквеш на арената „Тодор Проески“. Марио Станковски од пенал донесе водство за „романтичарите“ во 41.минута, но во вториот дел имаше пенал и за Тиквеш, а го реализираше Иван Ивановски во 53.минута. Сепак, само пет минути подоцна, Лука Станковски донесе триумф за Работнички.
Борец и Брегалница ремизираа 1-1 во Велес. Голманот Денковски му „подари“ водство на Борец што дојде преку Лука Трајкоски во 67.минута, но Дарко Додев во 93.минута не дозволи пораз за штипјани на овој дуел.
Последниот меч од четвртото коло ќе се одигра вечерва во Струмица, а ќе се сретнат Академија Пандев и Ренова.
ПРВА ЛИГА, 4.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП 4-0
СТРУГА ТЛ – ШКУПИ 4-2
РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ 2-1
БОРЕЦ – БРЕГАЛНИЦА 1-1
СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР 1-0
ВЕЧЕРВА: АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – РЕНОВА (20 Ч.)

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Сорлот влезе во историјата на Ла Лига (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Сорлот даде четири гола за половина час!

Евро-фудбал
Лацио се спаси од пораз против Јуве (ВИДЕО)

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал
