Актуелниот првак Шкендија значително се засили во зимскиот преоден рок, па сега со право фановите очекуваат многу поинаков лик на тимот на Бруно Акраповиќ во вториот дел од сезоната. На пролетната премиера во Тетово гостува Струга Трим Лум, а Шкендија нема избор туку ќе мора да ја покаже вистинската сила ако сака да остане во трката за шампионската титула.
Шкупи ионака е далеку напред, а Шкендија мора да победува и да го чека киксот на лидерот.
Фудбалерот од средниот ред на Струга ТЛ, Бесмир Бојку, смета дека неговиот тим има шанси да остане непоразен денеска во Тетово.
„Шкендија е актуелен првак, сите ги знаеме нивните квалитети, но секогаш има простор и за изненадување. Се надеваме дека ќе одиграме квалитетно на стартот на пролетта и дека ќе останеме непоразени“, вели Бојку.
Тиквеш го очекува гостување во Ѓорче Петров, а Александар Вареловски се надева дека барем еден бод ќе патува за Кавадарци.
„Македонија ЃП е квалитетен тим, посебно добро игра на домашен терен, но и ние имаме своја цел, да останеме непоразени. Се надеваме дека со добра игра ќе заслужиме позитивен резултат“, вели еден од најискусните во тимот на Тиквеш.
Во Битола, Пелистер ќе се обиде да го стори невозможното и да опстане, иако по првиот дел од сезоната не оствари ниту една победа. Работнички гостува со намера да освои три бода.
Интересно ќе биде и на Автокоманда каде ќе се сретнат Скопје и Борец.
Дербито на колото се игра на Чаир, а лидерот Шкупи ќе го пречека второпласираниот тим на табелата, составот на Академија Пандев.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 19.КОЛО (14 ЧАСОТ)
ШКУПИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТРИМ ЛУМ
СКОПЈЕ – БОРЕЦ
ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ
МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ
ВЧЕРА: БРЕГАЛНИЦА – РЕНОВА 1-2
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут
Евро-фудбал
Лотито повика свештеник да му помогне на Лацио
Евро-фудбал
Арсенал стравува за повредата на Габриел
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













