
Фудбалерите на Шкендија го одбранија шампионскиот пехар во Првата фудбалска лига, совладувајќи го Работнички со 0-1 на арената „Тоше Проески“. Вардар ремизираше 2-2 против Шкупи на Чаир и тоа тетовскиот тим има недостижни 13 бода предност на четири кола до крајот на шампионатот.
Енур Тотре ја донесе победата з Шкендија со голот во 90.минута од натпреварот.
Вардар ремизираше на Ќаир против Шкупи, 2-2. Сержињо во 32.минута донесе водство за Шкупи, но Реис Жуниор израмни во 43.минута. Муарем Бајрами во 85.минута донесе нова предност за домашниот тим, но Дарко Мицевски израмни само три минути подоцна.
Беласица ја совлада Македонија ЃП со 3-1. Душан Савиќ во 35.минута донесе водство за струмичани, а Боби Божиновски израмни во 56.минута. Беласица повторно дојде во водство со гол од пенал што го реализираше Душан Савиќ, а потоа Мартин Мирчевски го потврди триумфот.
Силекс во Кратово убедливо ја победи Академија Пандев со 3-0. Марко Рајковиќ ја отвори и ја затвори серијата голови, а во листата на стрелците се запиша и Дејан Благојевиќ.
Ренова ја декласира Победа со 9-1 и ја испрати во Втората лига. Влатко Стојановски постигна дури четири гола, двоен стрелец беше Емран Рамадани, а погодија и Бојан Миовски, Бурхан Мустафов и Мухамед Усеини.
Единствениот гол за Победа беше дело на Александар Ристевски.
ПРВА ЛИГА, 32.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ШКУПИ – ВАРДАР 2-2
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 0-0
БЕЛАСИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП 3-1
РЕНОВА – ПОБЕДА 8-1
СИЛЕКС – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 3-0
Табела: Шкендија 72, Вардар 59, Академија Пандев 53, Шкупи 43, Ренова 42, Работнички 39, Македонија ЃП 38, Силекс 37, Беласица 34, Победа 23.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи доведе голман од Германија

Евро-фудбал
Мората пред трансфер во Комо

Евро-фудбал
Ливерпул се вклучува во трката за Ѓокереш

Евро-фудбал
Мбапе нема да игра и против Салцбург

Прва лига
Младиот Адонис Милај го засили Шкупи

Евро-фудбал
Интер го договори голгетерот на Парма

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи
