
Шкендија сака да продолжи со победничкиот ритам што го имаше пред репрезентативната пауза и планира да ги освои трите бода на денешниот дуел против Силекс во Тетово. Искусниот Арменд Алими и Љупчо Дориев се подготвени за настап, а тренерот Ернест Ѓока очекува неговите избраници да се претстават во добро издание.
Силекс е во непријатна позиција на табелата и секој бод за кратовци е значаен, па ќе се обидат да останат непоразени на гостувањето кај лидерот.

Шкупи ќе ја пречека Ренова. Младиот крилен играч Јакуп Бериша најавува победа на тимот од Чаир.
„Се надевам дека ќе продолжиме со победи, само така може да останеме во трката за шампионскиот трофеј. Ренова се наоѓа во опасната зона на табелата и сигурно ќе стори се за да го избегне поразот, но ние едноставно мораме да победуваме и да гледаме напред“, вели Бериша.
Во Битола ќе се игра дербито меѓу Пелистер и Вардар, интересно ќе биде и на арената „Тодор Проески во Скопје каде ќе се пресметаат Работнички и Борец. Струга Трим Лум е домаќин на Беласица, а вчера играа Македонија ЃП – Академија Пандев (1-2).


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција
