
Лидерот Шкендија е домаќин на Струга Трим Лум, а Шкупи ќе ја пречека Македонија ЃП. Првите две екипи на табелата на денешните мечеви можат многу да влијаат околу распределбата на третото место кое исто така носи излез на европска сцена. Во моментот, „лавовите“ имаат три бода предност во однос на стружани.
Вардар е на работ од бездната и денеска ќе има градска пресметка против Работнички. Немаат друг избор фудбалерите на Никола Илиевски Џиџи освен да спасуваат гола кожа со триумф. Но, и „романтичарите“ имаат свои планови.
Ренова има релативно полесна задача, на гости ќе ја дочека Беласица, последнопласираниот тим на табелата. Силекс и Борец во Кратово исто така ќе имаат дирекна пресметка за опстанок, а и Пелистер и Академија Пандев под „Тумбе кафе“ ќе играат за избегнување на баражот за опстанок.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем
