
Шкупи не победи, а Струга ТЛ е слободна во ова коло, па Шкендија тука ја гледа својата шанса повторно да се приклучи во трката за титулата. Тетовскиот тим денеска (14 часот) ќе има жешко гостување во Штип и дуел со Брегалница.
Крилниот напаѓач Аденис Шаља верува дека Шкендија може да стигне до триумф.
„Брегалница е тежок противник. Сепак имам верба во тимот и мислам дека ако го дадеме максимумот тогаш можеме да оствариме позитивен резултат. Знаеме дека сезонава не сме на потребното ниво, но Шкендија на секој меч оди на победа. Иако во Штип ќе настапиме ослабени, ќе недостигаат неколкумина стандардни играчи, сепак се надевам на победа, а посакувам и јас по подолго време да се запишам во листата на стрелците“, изјави напаѓачот на Шкендија.
Силекс по триумфот над Шкупи ќе гостува во Прилеп каде ќе се сретне со Победа. Кратовци се фаворити, но Победа мора да освојува бодови ако сака да обезбеди опстанок.
Македонија ЃП на домашен терен пречекува Тиквеш во меч во кој сите продадени билети ќе бидат донирани во хуманитарни цели, за лекување на шестмесечно бебе.
Шкупи и Академија Пандев вчера ремизираа 3-3, а Работнички убедливо го победи Скопје со 4-0.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 21.КОЛО – (Денеска 14 часот)
БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА
ПОБЕДА – СИЛЕКС
МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ
ШКУПИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 3-3
РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ 4-0

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тер Штеген ќе мора на нова операција на грбот?
