Шкенија на 6 јули на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го игра првиот натпревар во европските купови и дуелот со Мура во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите на УЕФА. Со оглед дека пандемијата Ковид-19 сè уште е присутна, новите протоколи на УЕФА носат нова ситуација, кога за разлика од минатата година кога се играше без гледачи, сега присуството на гледачи е дозволено со 30% од капацитетот на стадионот, но со ограничувања и почитување на низа мерки.
Од безбедносни причини, УЕФА бара билетите да бидат персонализирани (да се покаже документ за идентификација), а продажбата се врши преку интернет.
Шкендија ги пушти во продажба влезниците преку платформата mktickets.com, кои чинат по 300 денари за Северната и за Јужната трибина и по 200 денари за Исток и за Џапад.
„УЕФА нагласува дека дозволувањето присуство на јавноста до 30% од капацитетот на стадионот не значи дека слободно присуство и собирање гледачи на трибините. Напротив, секој организиран начин на јавноста е забранет, освен според протоколот што предвидува присуство на гледачи во однос на социјалното растојание од влезот на стадионот кога треба да носат маски, да дезинфицираат раце и пристап до стадионот ќе има само по мерењето на влезната температура. За време на престојот на трибините, социјалното растојание мора да се почитува, користејќи ги седиштата според бројот на билетот даден на навивачот а ќе се седи на секое трето место. За време и по натпреварот, ќе бидат преземени мерки за да се обезбеди минимален контакт помеѓу гледачите“, велат од Шкендија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal