Лидерот Шкендија ремизираше без голови против Работнички, а тоа Шкупи го искористи за да се доближи на шест бода. Ова секако го запали алармот во составот на Ернест Ѓока, а Ренова е во налет откако го доби Вардар со 3-0 во претходното коло. Тоа е прекрасна увертира за тетовското дерби под Шара. Посебен мотив секако ќе има тренерот Ќатип Османи кој во минатото ја водеше Шкендија, а сега повторно е на кормилото на „гипсарите“.
Струга Трим Лум е фаворит на гостувањето против Вардар, но ќе допатува без тренерот Срѓан Захариевски кој доби суспензија од два натпревари. „Црвено-црните“ се во тежок период, тренерот Никола Илиевски Џиџи вели дека за нив секој натпревар е тежок со оглед и дека ги пропуштија зимските подготовки поради познатите проблеми. Сега првенството влезе во забрзан ритам и прашање е колку Вардар ќе може да одговори на таквиот предизвик.
Пелистер е во налет со две последовни победи, а денеска го пречекува Борец. Димитар Капинковски вели дека Борец е квалитетен тим, но битолчани ќе се обидат да врзат и трет триумф по ред.
„Борец е квалитетна екипа. Ќе биде тешко и неизвесно. Мора да дадеме максимум за да ги освоиме бодовите“, истакнува Капинковски.
Интересна пресметка во Струмица. Беласица ќе го пречека соседот Академија Пандев. Ѓоре Јовановски замина, договорен е ангажманот на Русинот Андреј Чернишов, но денеска Бојан Захариев, кој влета како дел од раководството во клубот, треба да ја предводи Беласица на дуелот против составот на Александар Васоски. Бодовите за спас им се повеќе од потребни и на двете екипи.
.jpg)
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













