
Легендарниот украински фудбалер Андреј Шевченко (45) од вчера и официјално ја презеде должноста тренер на деветкратниот шампион на Италија, Џенова. Тој ќе го предводи тимот на Горан Пандев и ќе се обиде да избори опстанок.
Шевченко, кој на почетокот на годинава ја однесе Украина до четвртфиналето на ЕВРО, го наследи Балардини на клупата. Џенова во првите 12 натпревари сезонава забележа само една победа под водство на Балардини, а со девет бода се наоѓа на разочарувачката 17. позиција во Серија А.
Андреј Шевченко има големи планови и веќе наголемо работи на засилувања во зимскиот преоден рок. Прославениот Украинец сака да донесе по еден играч во секоја линија од својот тим, стопер, играч за врска и напаѓач.
„Заедно да започнеме нова авантура за да ја вратиме Џенова онаму каде што припаѓа“, рече Шевченко.
Кристијан Пулишиќ од Челси и Олександр Зинченко од Манчестер Сити се првите две желби на Украинецот.
Шевченко на клупата на Џенова првпат ќе седне на 21 ноември кога на „Мараси“ ќе гостува Рома предводена од Мурињо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
