Договорот за Манчестер Јунајтед се чини дека е многу блиску, а медиумите на Островот, веќе со голема сигурност, наведуваат дека речиси сигурно ќе биде во корист на катарските инвеститори. Доцна синоќа дури и локални изданија во Катар излегоа со информации дека разговорите се во завршна фаза, по што се очекува официјално соопштение за потврда на постигнатиот договор.
Сер Џим Ретклиф до минатата недела важеше за фаворит за преземање на Манчестер Јунајтед. Понудата на британскиот милијардер беше за нешто повеќе од 50% од акциите на семејството Глејзер, што ќе му овозможи да го преземе оперативното управување со клубот, но истовремено да ги остави Американците како малцински сопственици на „Олд Трафорд“. Се сметаше за нивен фаворит, а многу експерти со голема доза на самодоверба го идентификуваа Ретклиф како фаворит.
Тоа се промени откако шеикот Јасим бин Хамад ал-Тани излезе со значително подобрена петта, но последна понуда, која, според извештаите во медиумите, беше многу поблиску до 6 милијарди фунти кои ги бараа Глејзероци.
Во последните неколку дена се тврди дека има голем оптимизам кај инвеститорите од Блискиот Исток и тие веруваат дека ги имаат сите шанси да го победат Сер Џим Ретклиф за Манчестер Јунајтед.
Доцна синоќа катарскиот весник „Ал-Ватан“, кој е во сопственост на таткото на шеикот Јасим, излезе со ексклузивна вест дека договорот со Глејзерови е многу блиску. Тоа секако генерира нова доза на ентузијазам и сериозно поскапување на акциите на клубот на Њујоршката берза.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













