Во четврток, Судот за спортска арбитража (CAS) ќе расправа за спорот меѓу Шахтјор Доњецк и Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), при што украинскиот тим бара отштета од 40 милиони евра поради заминувањето на странски играчи поради војната во таа земја.
Сослушувањето е закажано за четврток во 9:30 часот во Лозана, а претставниците на Шахтјор сметаат дека се финансиски оштетени поради одлуките на ФИФА по почетокот на војната во Украина.
Во еден од документите на ФИФА од јуни годинава пишува дека странските играчи и тренери кои играат во Украина ќе имаат право да го суспендираат договорот до 30 јуни 2023 година, доколку не постигнат договор со клубот.
„Многу странски играчи потоа го напуштија клубот без обештетување“, рече директорот на Шахтјор, Сергеј Палкин во соопштението испратено до АФП.
Тој додаде дека ваквите одлуки доведоа до губење на приходите од трансферите на играчи и го намалија профитот на клубот за околу 40 милиони евра.
„Клубот сака да ги врати загубените 40 милиони евра, а ФИФА треба да ја надомести штетата за која е одговорна“, истакна тој.
Во друг документ од 2 јули оваа година, ФИФА наведува дека украинските клубови „може да се соочат со голем број на заминувања“, но смета дека тоа е „неизбежна последица на ситуацијата во Украина“, со ветување дека интересите на украинските тимови ќе бидат заштитени.
Неколку играчи го напуштија Шахтјор во последните месеци, меѓу кои и играчот од средниот ред Тете, кој од крајот на март беше на позајмица во Лион.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Арсенал стравува за повредата на Габриел
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













