Серхио Рамос оваа сезона нема клуб откако ја напушти Севилја. Шпанскиот „Релево“ пишува дека славниот шпански дефанзивец има понуда од аргентинскиот клуб Бока Јуниорс.
Рамос е заинтересиран за заминување во Јужна Америка по 22 години исклучително успешна европска кариера. Бока планира да му понуди околу 5 милиони евра по сезона, што е далеку помалку од понудата која ја има од Обединетите Арапски Емирати. Сепак, желбата на Рамос е да заигра за Бока.
Рамос е легенда на Реал Мадрид и шпанската репрезентација. Освои сѐ што може да се освои во клупската и репрезентативната кариера. За Реал одигра 671 натпревар, постигна 101 гол и запиша 40 асистенции.
За својот матичен клуб Севилја одигра 87 натпревари и постигна десет гола, а за ПСЖ одигра 58 натпревари и постигна шест гола. За репрезентацијата на Шпанија има 180 настапи и 23 гола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Барди донесе триумф за Коњаспор (ВИДЕО)













