
Легендата на Реал Мадрид и Севилја, Серхио Рамос, го постигна својот прв гол за новиот клуб Монтереј.
38-годишниот шпански ветеран, кој воедно беше и капитан на својот нов тим, се запиша во листата на стрелците во победата од 4-2 против Сантос Лагуна во натпревар од мексиканската елитна лига. Рамос погоди во 57. минута за 2-1 со својот специјалитет – удар со глава, откако одлично го искористи центаршутот од својот сонародник Серхио Каналес.
🚨🇪🇸 EL PRIMER GOL DE SERGIO RAMOS EN LA LIGA MX CON RAYADOS DE MONTERREY! 🤯🇲🇽
— All Fútbol MX 🇲🇽 (@AllFutbolMX) March 3, 2025
pic.twitter.com/iK6DKYoIZy
Подоцна, Сантос израмни, но со головите на Каналес и Херардо Артеага, Монтереј ги освои трите бода.
Ова беше втор натпревар за Рамос во новиот мексикански тим, а тој ги одигра сите 90 минути.
„Среќен сум за оваа тешко извојувана победа и за мојот прв гол во овој дрес. Благодарност до навивачите за поддршката“, напиша шпанската легенда на социјалните мрежи по триумфот и дебитантскиот погодок.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тотенхем ќе го откупи Матис Тел од Баерн Минхен

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го купи Тер Штеген

Евро-фудбал
Гонзало Гарсија нов тренер на Хајдук Сплит

Прва лига
Работнички го доведе Дашмир Елези
