
Фудбалската репрезентација на Македонија одигра 1-1 против Фарски Острови во Торшавн, на стартот од новото издание во Лигата на нации. Тоа секако не е резултат што го посакуваа и фудбалерите и стручниот штаб, но и целата македонска фудбалска јавност.
Дефанзивецот Никола Серафимов вели дека одговорноста мора да е поголема кога се претставува државата.
„Не сме задоволни од резултатот. Ниту од играта, особено во првото полувреме. Не знам дали беше пенал или не, не ја видов ситуацијата добро, но имавме доволно време да се вратиме во натпреварот. Но, не успеавме во тоа. Многу работи треба да се поправат, пред се желбата и борбата.
Јас не сум тој што треба да каже што се смени во однос на минатите две години. Но, знам кога ќе добиете шанса за Македонија мора да бидеме на највисоко можно ниво.
Одговорноста е голема, претставуваме држава и мораме подобро. Ништо не е загубено имаме натпревар за три дена и тој треба да биде пресвртница. Мора да се запрашаме од прв до последен што треба да поправиме и да се подобриме“, рече Серафимов.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
