Connect with us

Селтик ги укина сезонските билети за своите навивачи поради поддршката за Палестина

Актуелниот шкотски шампион Селтик им забрани на сопствениците на сезонски билети, кои се членови на ултрас групата „Зелена бригада“, да присуствуваат на понатамошните домашни натпревари на клубот оваа сезона поради нивното инсистирање да покажат поддршка за Палестина и Палестинците.


Клубот ги суспендираше нивните сезонски билети откако приреди кореографија во боите на палестинското знаме во последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид и покрај јасните предупредувања од клубот дека тоа ќе резултира со парични казни од УЕФА.

Селтик веќе двапати оваа сезона е казнет поради активностите на групата „Зелена бригада“ на натпреварите од Лигата на шампионите. Првиот пат поради пиротехниката против Феенорд, а вториот поради антифашистичката кореографија упатена до навивачите на Лацио во која беа употребени пцовки, поточно реченицата: „Ебати, Лацио“.

„Зелената бригада“ постојано ја изразуваше својата поддршка за Палестинците долго пред ескалацијата на годинешниот конфликт со Израел на почетокот на октомври. Тие ја интензивираа својата поддршка во изминатите неколку недели откако неколку илјади цивили загинаа во Појасот Газа како резултат на израелските бомбардирања.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови