Connect with us

Селекторот на Ерменија не даде оставка на прес-конференцијата, па веднаш доби отказ

МАКФУДБАЛ во Ереван,

Фудбалската федерација на Ерменија го отпушти селекторот Олександр Петраков по вечерашниот пораз од Македонија (0-2) во Ереван. Откако украинскиот стратег не поднесе оставка на прес – конференцијата по натпреварот, челниците на ерменскиот фудбал реагирале и му се заблагодариле на Петраков за досегашната соработка.

Петраков го презеде кормилото на Ерменија во јануари 2023 година, а претрпе три порази од Македонија во овој период, два во Лигата на Нации и еден во пријателски натпревар во Струмица.

Ерменците имаа амбиции за првата позиција во оваа наша група од Лигата на нации, а на крајот може да се случи да не бидат ниту второпласирани.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови