
Брегалница се подготвува за финален јуриш кон Првата лига, а шефот на стручниот штаб на Брегалница, Марјан Секуловски е задоволен од досегашниот тек на подготовките. Тој потенцира дека сега следи период на одигрување пријателски натпревари на кои подеднаква шанса ќе добијат сите фудбалери на „сините“.
„Веќе сме длабоко во подготвителниот период. Најважно во моментов е и што здравствениот билтен е позитивен, па низ пријателските натпревари идејата е шанса да добијат буквално сите фудбалери, да ги демонстрираат своите перформанси па врз основа на тоа да се склопат коцките околу изгледот на тимот за продолжението од првенството“ – вели Секуловски.
Амбициите на штипскиот клуб се апсолутно јасни – влез во елитата.
„Амбициите остануваат непроменети, јасно е дека целта на Брегалница е пласман во Првата лига. Имаме предност во однос на конкурентите за првото место, но тоа ниту најмалку не смее да значи било какво опуштање за пролетниот дел од сезоната. Напротив, сето тоа е само обврска повеќе да се продолжи и со уште позасилено темпо“, истакнува шефот на штипскиот тим.
Брегалница утре против Осогово, со почеток од 13 часот, во Кочани го игра вториот пријателски натпревар за време на зимските подготовки. На првиот тест дуел одигран во Штип, „сините“ ремизираа (1-1) со екипата на Кит Го.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
