Шкупи го освои второто место на табелата во Првата лига, ќе излезе на европска сцена, а дотогаш Гоце Седлоски ќе мора сериозно да поработи на реализацијата на својот тим. Шкупи одигра 1-1 на гости кај шампионот Шкендија во последното коло од шампионатот.
„Сакам прво да и честитам на Шкендија за титулата. Се виде уште еднаш дека играме добро, создаваме шанси, но треба и да ги користиме тие шанси. Ни недостасува голгетер. По примениот гол почнавме да играме многу подобро, замените што ги направив ни донесоа офанзивна игра.Сметам дека според прикажаното можеби и заслуживме да ја победиме Шкендија. Сега одиме на одмор, а потоа следуваат подготовките за следната сезона. Се надевам дека со неколку квалитетни засилувања овој тим на Шкупи ќе биде уште подобар следната сезона“, изјави Гоце Седлоски.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski